НАФТАТА СКОКНА НА 115 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ: Брентот поскапе за 59 отсто овој месец, што е најголем скок, од Заливската војна во 1990 г.
- Цените на нафтата и денеска го продолжија растот, а брендот Брент се очекува да достигне рекорден месечен раст, откако јеменските Хути ги започнаа своите први напади врз Израел во текот на викендот, проширувајќи ја војната меѓу САД и Израел со Иран на Блискиот Исток.
- Војната, започната на 28 февруари со американски и израелски напади врз Иран, се прошири низ Блискиот Исток, а Хутите од Јемен, кои се сојузници на Иран, во саботата ги започнаа своите први напади врз Израел од почетокот на конфликтот, предизвикувајќи загриженост за бродските линии околу Арапскиот Полуостров и Црвеното Море.