Народната банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети
- Во однос на идните активности, посебен акцент се става на подготовките за примена на новите меѓународни статистички стандарди – СНА 2025 (SNA 2025) и БПМ7 (BPM7), со поддршка од меѓународните институции, особено од ММФ, и преку натамошно зајакнување на институционалните капацитети и меѓуинституционалната соработка.
- Високо задоволство кај корисниците на статистичките податоци На средбата со претставниците на ММФ беа презентирани и резултатите од анкетите спроведени меѓу корисниците на статистичките податоци и субјектите што доставуваат информации до Народната банка.