МФ: Се предвидува укинување на исплатите во готовина кај финансиските друштва
- Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Телма истакна дека измените се резултат на засилени контроли и утврдени недоследности во работењето на дел од финансиските друштва.
- Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиски друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти.