Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
- Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто домашниот производ, истакна премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по Германско-макеоднскиот самит во Скопје.
- Според премиерот Христијан Мицкоски, денешниот Самит е додадена вредност во односите меѓу македонската и германската бизнис заедница, и како што рече -Германија за нас не е само бизнис партнер, таа е стратешки партнер.