МИЦКОСКИ: Започна изградба на катна гаража во Охрид, очекувам и автопатот целосно да биде завршен и пуштен најдоцна идната година
- Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министер за транспорт, Александар Николовски и градоначалникот, Кирил Пецаков, денеска извршија увид во градежните активности што се спроведуваат низ Охрид, а присустуваа и на почетокот на изградбата на катна гаража во центарот на градот.
- Градоначалникот Пецаков од своја страна истакна дека за изготвување на документацијата за проектот за катната гаража биле потребни неколку години, како и решителност, како во оштинската администрација така и на централната власт за негова реализација.