Министерството за финансии воведе построги правила за проверка на приредувачите на игри на среќа
- Новиот Закон за игри на среќа беше донесен во јуни оваа година, а целта беше воспоставување современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област“, соопшти Министерството за финансии.
- Министерството за финансии донесе нов Правилник со кој детално се уредуваат условите и потребната документација за проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на лицата и компаниите кои сакаат да добијат лиценца за приредување игри на среќа, пренесе МИА.