Министерство за економија и Државен пазарен инспекторат предупредуваат: Нема да се толерираат неоправдани поскапувања на цените
- Следењето на движењето на цените и спречувањето на неоправдани поскапувања биле во фокусот на состанокот што министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, го одржале со претставници на производителите и дистрибутерите.
- Притоа, било упатено предупредување до сите економски оператори дека Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат внимателно ќе ги следат движењата на цените и нема да толерираат неоправдани поскапувања на товар на граѓаните.