DAY.MK

обновено 23:54, 15.04.2026

Македонска делегација во Вашингтон: Славески и Димитриеска-Кочоска на клучни средби со ММФ и Светска банка

пред 14 часа 3 извори
Македонска делегација во Вашингтон: Славески и Димитриеска-Кочоска на клучни средби со ММФ и Светска банка

Кратко

  • Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД.
  • Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции.
  • На состаноците со високите претставници на ММФ ќе се разговара за тековните економски состојби во земјава, за спроведувањето на монетарната политика и мерките коишто придонесуваат за постепена стабилизација на инфлацијата, како и за одржувањето на макроекономската стабилност.

Повеќе статии