МАКЕДОНИЈА СО НАЈНИСКИ ЦЕНИ: Литар бензин во Грција поскап за 30 отсто, во Албанија за 27, во Србија 9 отсто, а слично е и со дизелот
- Следно ќе ги споредиме цените на дизелот кој во Македонија се продава по 104,5 денари, додека во Албанија малопродажната цена е за дури 40,5% повисока и изнесува 147 денари, па следи Грција со 126 денари или за 20%, потоа е Србија со малопродажна цена на дизелот за 18,5% повисока или 124 денари по литар.
- Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, додека цената по која се продава во Грција за 30% повисока и изнесува 129 денари, во Албанија со цена од 126 денари за 27%, понатаму во Србија за 108 денари, односно за 9%.