Комерцијална влегува во трката за купување на Алта банка: Цената на акциите е најмалку 23 милиони евра
- Комерцијална банка АД Скопје објави намера да се вклучи во процесот за купување на Алта банка АД Битола, според објавата достапна на СЕИ Нет , системот за електронски информации за котирани акционерски друштва преку кој котираните акционерски друштва ги објавуваат информациите согласно Правилата за котација на Македонска Берза.
- За стекнување квалификувано учество во банка е потребна претходна согласност од Народната банка, а учесниците во постапката мора да ги исполнат законските услови.