Истекува рокот за инвеститорите да поднесат иницијативи за изградба на енергетски објекти до општините
- Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека денес, 1 април 2026 година, истекува рокот за поднесување иницијативи до единиците на локалната самоуправа за вклучување на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1 MW во општинските енергетски планови.
- Согласно Законот за енергетика и релевантниот правилник, сите пристигнати иницијативи ќе бидат разгледани од страна на општините, кои имаат обврска да ги инкорпорираат во своите општински енергетски планови и истите да ги достават до Министерството најдоцна до 15 мај 2026 година, за понатамошна постапка и издавање согласност.
Извори
Повеќе статии
„Решете си го проблемот“, ѝ рекоа полицајците на Ивана – Мартин Саздов сведочи за кобниот 2 март, кога згаснаа животите на Ивана и Катја
17 извори
„Апасиев не знае да ги чита резултатите од анкетите“: Реакција на МКД.мк и Маркет вижн
5 извори
Мицкоски: Граѓаните заслужуваат одговори – кој стои зад милионските хонорари во СЈО?
7 извори