Животната средина и транспортот добиваат најмногу пари – ребалансот на буџетот помина во Влада, ќе се трошат 179 милиони евра повеќе
- Вкупните расходи се ревидираат на 425,2 милијарди денари, Дефицитот се зголемува од 39,2 милијарди денари на 46,1 милијарда денари.
- Министерството за животна средина ќе добие 2,3 милијарди денари за капитални расходи од кои 1 милијарда денари се пари од сметката на Министерството од кредити и од други приходи.