Дурмиши и Ристески на средба со бизнис заедницата: Владата продолжува со мерки за поддршка на домашните компании
- Актуелната економска состојба, предизвиците со кои се соочува бизнис секторот и мерките за поддршка на домашните компании, беа темите на денешната средба на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик-министерот Марјан Ристески со претставници на трите најголеми бизнис-комори во државата и Организацијата на работодавачи на Македонија.
- Министерот Дурмиши и заменик-министерот Ристески ги информирале претставниците на коморите за тековните активности на Министерството за економија и труд насочени кон подобрување на бизнис-климата и обезбедување конкретна поддршка за компаниите.