Долгот кон вториот пензиски фонд е од многу порано, а не од 2026 година, рече Велковски
- Долгот кон вториот пензиски фонд е создаден многу порано, изјави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, одговарајќи на прашање на пратеникот Јован Митрески, кој посочи дека долгот изнесувал речиси 40 милиони евра.
- Пратеникот се повика на ревизорскиот извештај во кој се наведува дека за јануари и за февруари 2026 година долгот кон вториот пензиски фонд изнесувал 40 милиони евра, а потоа посочи дека до овој месец тој се зголемил.