Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски во работна посета на зоната во Штип: Остануваме целосно посветени на поддршката на постојните компании
- Посетата претставува дел од континуираните активности на Дирекцијата за ТИРЗ насочени кон одржување редовна комуникација со инвеститорите, унапредување на деловната клима и создавање поволни услови за понатамошен развој, нови инвестиции и отворање квалитетни работни места.
- Во разговорите беше потенцирана важноста од континуираната комуникација помеѓу институциите и инвеститорите, со цел навремено адресирање на сите предизвици и создавање услови за нови инвестиции, технолошки развој и отворање нови работни места.