ДИМОВСКИ: Раст на платите и извозот во ТИРЗ, компаниите уплатиле 6,3 милиони денари во државниот буџет или 10,5 отсто повеќе
- За првиот квартал од 2026 година, извозот на компаниите од ТИР зоните е зголемен за 11% во однос на К1 од 2025 година, додека на годишно ниво, во 2025 година е забележан раст од 6,5% споредено со 2024 година.
- Просечната нето плата исплатена од компаниите во ТИРЗ зоните во 2025 година е зголемена за 6% во однос на 2024 година, покажуваат најновите податоци, пишува на Фејсбук директорот Гоце Димовски.