Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
- Владата ја продолжи мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 на 10 проценти, како и мерката за намалување на акцизата за горивата, до 2 ноември 2026 година, објави на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
- Со оваа мерка, како што посочува министерката, се придонесува за ублажување на ценовните притисоци врз малопродажните цени на горивата и намалување на финансискиот товар врз граѓаните и стопанството.
- Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и да преземаме навремени мерки за заштита на животниот стандард и зачувување на економската стабилност – истакна министерката за финансии.
Извори
-
Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
Извор: a1on.mk
-
Мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата продолжува до 2 ноември 2026 година
Извор: republika.mk
-
Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
Извор: brif.mk