ДИМИТРИЕСКА – КОЧОСКА: За 2 г. вративме долг од 4,6 милијарди евра, отплатена е и еврообврзницата од 700 милиони евра
- Од нив, во втората половина на 2024 година беа исплатени 786 милиони евра, во текот на 2025 година 2,198 милијарди евра, а во текот на 2026 година 1,571 милијарди евра – изјави министерката.
- И во наредниот период продолжува процесот на управување со обврските коишто доспеваат за отплата и се во износ од 9 милијарди евра, односно, во 2027 година 1,4 милијарда евра, во 2028 година 1,9 милијарди евра, 2029 година 1,1 милијарда евра, 2030 година 1,7 милијарди евра и 2031 година 1,2 милијарди евра - рече таа.