Гувернерот Славески до студентите практиканти: „Вие сте дел од иднината на централното банкарство“
- Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои започнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства.
- Средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј којшто го отсликува долгогодишниот придонес на институцијата во градењето на довербата во националната валута и одржувањето на макроекономската стабилност.