DAY.MK

обновено 22:04, 02.03.2026

Владата планира мерки за намалување на ударот од растот на глобалните цени на енергенсите

пред 8 часа 4 извори
Владата планира мерки за намалување на ударот од растот на глобалните цени на енергенсите

Кратко

  • Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески за МИА вели дека по конфликтот на Блискиот Исток и очекувањата за влијание и на македонската економија, нема потреба од паника и оти ќе следуваат мерки за што помал удар од зголемувањето на цената на енергенсите во формулирањето на цените на другите производи.
  • Во интервју за МИА Ристески денеска истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја следат состојбата, a доколку не се прошири конфликтот ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата.
  • Во вакви ситуации укажува дека поранливи се секако покревките економии, како што е нашата, и вели дека Министерството за економија и труд, и покрај конфликтот со Иран, прави максимални напори цените во маркетите и на пазарите да останат стабилни, особено на основните производи за живот на граѓаните.

Повеќе статии