Бојковска: Економијата бележи континуиран раст; седум последователни квартали економски раст над 3 %
- Успеавме во делот најнапред да го консолидираме буџетот и да ја консолидираме онаа состојба којашто ја затекнавме, и она коешто сега е добар момент, а по коешто, еве не кажувам јас како Драгана Бојковска или како ВМРО-ДПМНЕ, веќе Македонија се движи во позитивна насока.
- Самото тоа што веќе седум квартали по ред имаме ние позитивен економски раст од над 3%, значи дека државата ја водиме и економијата ја носиме во една позитивна насока, но наша цел е овој тренд да не застане и покрај геополитичките случувања коишто се случуваат во светот“, кажа Бојковска.