Божиновска од Варшава: Македонија ги диверзифицира енергетските правци, интерконекторот со Грција готов до јуни
- Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска продолжува со учеството на седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, каде што во фокусот се енергетската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето и заштитата на критичната инфраструктура.
- Во фокусот на вториот ден од форумот се енергетската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето и заштитата на критичната инфраструктура, како и стратешките енергетски прашања од заеднички интерес за Европа и САД.