Божиновска на терен: Интерконекторот со Грција се гради со забрзано темпо, целта е завршување наредната година
- Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со претставници на Министерството, ДЕСФА и НОМАГАС изврши увид во градежните активности на трасата на гасоводниот интерконектор со Грција.
- Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Грција влегува во значително поинтензивна фаза, откако по засилената координација меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА е забрзана динамиката на реализација на проектот, пренесе МИА.