Божиновска на P-TEC: По три децении зависност од еден извор на гас, се отвораат нови енергетски правци и регионални поврзувања
- На панелот „Зајакнување на европската енергетска безбедност: отпорност на критичната инфраструктура и диверзификација на снабдувањето“, Божиновска истакна дека регионалната соработка е врвен приоритет, бидејќи ниту една земја не може да обезбеди долгорочна енергетска сигурност изолирано од регионалните пазари и инфраструктурните поврзувања.
- Говорејќи за отпорноста на критичната енергетска инфраструктура, министерката нагласи дека новите безбедносни предизвици, меѓу кои сајбер-нападите и заканите од дронови, бараат поинаков пристап во планирањето и управувањето со енергетските системи.