Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
- Македонија се подготвува во септември официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, напиша министерката за енергетика Сања Божиновска на својот фејсбук профил и додаде дека приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор е значајна стратешка можност Македонија да стане важна алка во европската енергетска мрежа.
- Преку интерконекторите со Грција и Србија ќе обезбедиме пристап до нови извори и правци на снабдување со природен гас и течен природен гас LNG, поголема енергетска сигурност и намалување на зависноста од еден извор, посочи Божиновска.