Божиновска-Гордеева: Енергетската ефикасност ќе донесе директни придобивки за граѓаните и државата
- Енергетската ефикасност беше во фокусот на средбата која што денеска ја оствари министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со делегација на ЕБОР во земјава.
- На средбата присуствуваа претставникот на ЕБОР во Северна Македонија, Фатих Туркменоглу и директорката на Одделот на ЕБОР за инфраструктура во Европа, Елена Гордеева.