Без нови извори на бакар, зелената транзиција се соочува со предизвици – можност и за Македонија
- Авторите порачуваат веднаш бакарот и да се рециклира, со оглед на долгиот временски период потребен за изградба на нови рудници, иако постапките за издавање дозволи за отворање рудници, постројки за преработка и капацитети за рециклирање – кои претходно беа расцепкани и бавни – ќе се спроведуваат по забрзаната процедура за стратешки проекти.
- Во време кога минералните суровини стануваат сè поважни за европската и светската економија, нашата земја треба да го искористи својот потенцијал преку стручни анализи, современи технологии и високи стандарди за заштита на животната средина… Минералните ресурси не треба да останат неискористен потенцијал.