АНДОНОВСКИ: Земјите што ќе ја користат ВИ ќе напредуваат побргу, тие што нема да може да ја користат ќе бидат заглавени и ќе стагнираат
- На прашањето колку Македонија заостанува во однос на вештачката интелигенција со европските земји, Андоновски рече дека ние имаме еден крупен недостиг на кој работиме целиот изминат период - тоа е непостоењето големи податочни центри, кои таа вештачка интелигенција ќе ја процесираат тука во Македонија.
- И генерално не сметам дека луѓето ќе останат без работа, само ќе треба да се преквалификуваат, да најдат на правилен начин како да ја користат вештачката интелигенција и сите иновативни технолошки алатки.