АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости
- Ги прифаќаме наодите од Извештајот и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите состојби, велат од АД МЕПСО откако денеска Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на оваа компанија за 2024 година.
- Новото раководство нема намера да ги игнорира или релативизира утврдените слабости.