Подобри услови за спорт и рекреација во Битола: Спортските терени во ОУ „Даме Груев“ добиваат нов лик
- Проектот се реализира преку вториот владин повик, со поддршка од Министерството за образование и наука, а опфаќа асфалтирање на повеќенаменските спортски игралишта во училишниот двор.
- Околу терените ќе биде направена и пешачка патека со бехатон на површина од 294 м2, асфалтирање на пристапниот дел до игралиштата, паркинг простор, хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема.