ОД ЈАВНИ ТОАЛЕТИ ДО МИЛИОНСКИ ПЛАНОВИ- ЗА ШТО ЌЕ РАСПРАВААТ СОВЕТНИЦИТЕ В ПЕТОК?
- Советот на Општина Битола в петок ќе ја одржи својата 15-та седница, на која пред советниците ќе се најдат обемни материјали што опфаќаат голем дел од секојдневното функционирање на општината – од образование и урбанизам, до располагање со општински имот, паркирањето, јавните претпријатија и кадровски решенија.