Најнова премиера на Битолскиот театар „Госпоѓа Бовари“ во режија на Дејан Пројковски
- Денес во Народниот театар Битола се одржа прес-конференција по повод претстојната премиера на претставата „Госпоѓа Бовари“, од Гистав Флобер, во режија на Дејан Пројковски, која ќе биде изведена на 25 јуни во 20:00 часот на сцената на Народниот театар Битола.
- Пред медиумите се обрати директорот на Народниот театар Битола, Васко Мавровски, кој истакна дека премиерата е реализирана со поддршка од КИЦ Битола и Општина Битола.