Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија
- Во рамки на Младинскиот центар Битола, организациите СФЕРА Интернешнал, ИМКА Битола и Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ) реализираа три различни активности, обединети околу една заедничка цел – да им понудат на младите простор во кој можат да создаваат, да учат, да разговараат за теми што ги засегаат и да се поврзуваат.