КУД „Илинден“ Битола со „Комитската легенда“ го отвори 56. издание на „Илинденски денови“
- Со традиционално дефиле низ битолските улици и изведбата на антологиската кореографија „Комитска легенда“, Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола даде свечен белег на отворањето на 56. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.