Еднократна парична помош за најранливите граѓани, предложи ЛДП на седница на Совет
- Советникот на ЛДП Димитар Кузмановски денес на седница на Советот предложи од општинскиот буџет да се издвојат по 10 илјади денари еднократна парична помош за граѓаните од најранливите категории, за да можат како што рече на достоинствен начин да ги прослават претстојните празници.