Project 7000 ја продолжи својата приказна со пролетно издание кај старите авиони над Битола
- По зимското отворање на Пелистер со „Ski You Later“, Project 7000 викендов го реализираше своето второ издание под наслов „Дива ботаника“, потврдувајќи дека не станува збор за изолиран настан, туку за концепт што постепено се развива низ различни простори и сезони.