Црна Гора утре затвора уште две поглавја, вкупно 23 во преговорите со ЕУ
- Горчевиќ наведе дека целта е преговорите да бидат завршени до крајот на годинава, Договорот за пристапување да биде потпишан во текот на 2027 година, а Црна Гора да стане членка на ЕУ во 2028 година.
- Вчера, Европската комисија го презентираше годишниот извештај за напредокот на Црна Гора, во кој оцени дека земјата постигнала исклучителен напредок во процесот на пристапување и дека, со согласност на земјите-членки на ЕУ, би можела да ги заврши преговорите до крајот на годината.