Хоџа и Руте констатираа дека НАТО е поважен и понеопходен од кога било
- Во објава на Фејсбук, Хоџа наведе дека средбата се случува во време кога Албанија презема повеќе обврски и одговорности во рамките на НАТО, која, како што оцениле „е позначајна од кога било во денешното сè посложено и непредвидливо безбедносно опкружување“.
- Во врска со Западен Балкан, Хоџа и Руте потврдиле дека посветеноста на НАТО останува суштинска за стабилноста и безбедноста во регионот.