Три земјотреси од 4 до 4,6 степени регистрирани во близина на грчкиот град Јанина
- Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси на Грција Ефтимиос Лекас за грчките медиуми посочи дека станува збор за продолжение на земјотресите регистрирани во конкретниот регион во последниот период и оцени дека сеизмичката активност во областа ќе продолжи без понатамошни проблеми.
- Два земјотреси со јачина од 4,6 степени и еден од 4 степени според Рихтер, претпладнево беа регистрирани во период од 45 минути во близина на градот Јанина во западниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.