Странците во Албанија лани потрошиле 5,72 милијарди евра, Албанците во странство три милијарди
- Странските туристи минатата година во Албанија потрошиле 5,72 милијарди евра, што е зголемување за 15 отсто, споредено со претходната година.
- Податоците на Централна банка на Албанија покажуваат дека највисокото ниво на трошоци е забележано во екот на туристичката сезона, во третиот квартал од годината, кога достигнало 2,3 милијарди евра, во споредба со 1,9 милијарди евра во истиот период претходната година.