Србија денеска го конституира новиот Парламент, почнува да тече рокот од 90 дена за избор на Влада
- Новиот состав на Собранието на Србија денеска ќе ја одржи конститутивната седница, на која ќе бидат потврдени мандатите на избраните пратеници, а потоа ќе се пристапи кон избор на претседател и потпретседатели на Парламентот, генерален секретар, како и членови на парламентарните одбори и делегации.
- Кандидатура за претседател на Собранието може да поднесат најмалку 30 пратеници, додека за избор е потребно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно најмалку 126 гласови.