Светската банка одобри кредит од 658,8 милиони евра за поддршка на земјоделскиот и прехранбениот сектор во Турција
- Светската банка ќе обезбеди кредитно финансирање во износ од 658,8 милиони евра за проект за трансформација на земјоделскиот и прехранбениот сектор во Турција, со што вкупното финансирање за сите сектори во земјата годинава ќе надмине 7,9 милијарди евра, објави Анадолија.
- Според Министерството за трезор и финансии, кредитната поддршка е добиена како резултат на напорите на Турција за обезбедување надворешно финансирање под поволни услови.