Повредени 16 полицајци во протестите во Тирана
- За време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите повредени се и еден малолетник и еден новинар, а полицијата за време на интервенцијата употреби солзавец и водени топови.
- Маскирани демонстранти фрлаа камења, молотови коктели и пиротехника кон полицајците и ги запалија Полициската станица број 3 и главниот влез на Министерството за внатрешни работи.
- По околу еден час, тензии избувнаа во близина на седиштето на Социјалистичката партија, каде што група демонстранти, главно маскирани млади лица, успеа да го пробие полицискиот кордон и почна да ја гаѓа зградата со камења и цврсти предмети.