Патник на атинскиот аеродром се обидел да внесе во Грција над 35 килограми сиров канабис
- Во неговиот багаж биле пронајдени вкупно 23 пакувања со суров канабис со вкупна бруто-тежина од 35 килограми и 300 грама.
- Полициски службеници од секторот за борба против наркотици, на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“, спречиле внесување во Грција на над 35 килограми суров канабис, а уапсен е 28-годишен странски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина.