Околу 4.500 хектари изгореле во пожарот на Крит – трет ден продолжува борбата со огнената стихија
- Во пожарот што во средата избувна на повеќе локации јужно од градот Ретимно на грчкиот остров Крит и сè уште е активен, процените се дека изгорела површина од околу 4. хектари, според податоците на метеоролошката служба Метео на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.
- Од координативниот центар на противпожарната служба на Грција за грчката новинска агенција АНА-МПА посочиле дека „природата на пожарот, силните ветрови, географските карактеристики и релјефот на теренот ја отежнуваат работата на пожарникарите“.