Национални штрајкови и протести во Грција поради зголемените трошоци
- Синдикатите и студентските организации во Грција денеска организираат национални штрајкови и протести во знак на протест против зголемените трошоци за живот и барањата за поголеми инвестиции во јавното образование, пренесува ДПА.
- Вработените во јавниот сектор, исто така, организираат штрајкови по повикот на конфедерацијата на синдикати ADEDY.
- Учениците и студентите вчера попладне поставија шатори на плоштадот Синтагма, пред грчкиот парламент во Атина, како дел од нивниот протест.