Монах скокнал од возило на брза помош, се повредил и пак го вратиле во возилото
- Монах, кој не се чувствувал добро и бил преземен од возило на брзата помош, за време на транспортот од Урануполи на Халкидики кон болницата во Полигирос скокнал од возилото, паднал и се повредил – објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.
- Инцидентот се случил вчера кога 48-годишниот монах, српски државјанин, од засега непознати причини го одврзал појасот и скокнал од амбулантното возило додека било во движење, при што добил повреда на главата, потоа бил вратен во брзата помош и пренесен во болницата во Полигирос.
Извори
-
Монах повреден на Халкидик при скок од амбулантно возило во движење
Извор: republika.mk
-
Монах скокнал од возило на брза помош, се повредил и пак го вратиле во возилото
Извор: netpress.com.mk