Мицотакис: Грција ги доби сите средства што ѝ следуваа од европскиот Фонд за закрепнување, вкупно 35,95 милијарди евра
- Со исплатата на последните транши, земјата ќе има добиено 100 отсто од средствата што ѝ следуваат, односно 35,95 милијарди евра, без да изгуби ниту едно евро, напиша на Фејсбук грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
- Невработеноста се намали на историски ниско ниво, а јавните и приватните инвестиции, од околу 11 отсто од БДП во 2019 година, се проценува дека годинава ќе достигнат речиси 19 проценти, значително намалувајќи го заостанувањето зад европскиот просек, напиша грчкиот премиер.