Мистериозен поморски дрон пронајден во близина на грчкиот остров Лефкада
- Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека поморскиот дрон е мал, има капацитет да развие голема брзина и веројатно станува збор за воен тип и токму затоа, откако рибарите го предале на крајбрежната служба, случајот го презеле од Министерството за одбрана во Грција.
- Во пештера во морскиот дел јужно од грчкиот остров Лефкада, вчера попладне рибари пронашле поморски дрон со вклучен мотор, а според грчките медиуми располага со детонатори и најверојатно ќе го преземат надлежни од Министерството за одбрана на Грција за дополнителна истрага, јави дописничката на МИА од Атина.