Марија Шерифовиќ објави албум со детски песни, една му посвети на синот Марио
- Во желба да му обезбедам на мојот син Марио, како и на сите други деца, квалитетна и забавна домашна музика, работев на „Srcike“ со многу љубов и посветеност во последните неколку месеци.
- Во посебно расположение сум, бидејќи денес е Меѓународниот ден на среќата и првиот ден од пролетта, и мислам дека ова е идеален ден да оставам уште еден мал белег во мојата кариера и сите песни што ги испеав.